Продолжува уништувањето на канделабрите низ градот. На дел од нив им се искршени светилките, а дел останаа без капаците кои ги заштитуваат електрични инсталации, поради што претставуваат потенцијална опасност, особено за децата.

Нашиот објектив регистрира една од нив која се наоѓа во непосредна близина на детското игралиште кај Холандскиот парк.



Надлежните се жалат дека канделабрите се честа мета на крадците кои ги земаат металните делови од канделабрите за да ги препродаваат како старо железо, па неодамна најавија дека капаците ќе се заменуваат со пластични.

OhridNews