Независната листа на советници „В.Ц“, ќе застане зад кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, изјави денеска, носителот на листата Владо Цветкоски. Соработката за вториот круг од изборите беше официјализирана денеска на прес конференцијата што се одржа во општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.


При тоа Цветкоски истакна дека на Охрид му е потребен нов економски импулс за брз развој на Општината. Според него тоа ќе се овозможи со донесување на нов Генерален урбанистички план со опфат од Подмоље па се до Пештани, добар катастар, изградба на инфраструктура, квалитетно снабдување со електрична енергија и перманентна грижа за животната средина.

-Најважно е градоначалникот на Општина Охрид да е од иста политичка провиниенција како и Владата на Република Македонија. Па затоа почитувани сите Вие кои го делите моето мислење Ве повикувам Вашата поддршка да ја дадете на Кирил Трендафилов – Нанче и на премиерот Никола Груевски, зашто само така здружени може да очекуваме брз економски развој и напредок на нашата општина, рече Владо Цветкоски.

Ohridnews