Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќура и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори. Ќура во првиот круг освои 9 934 гласа, додека Далипи 9 719.

Излезноста во Струга во првиот круг од локалните избори беше 42,01%.  Во избирачки список во општина Струга регистрирани се вкупно 62 711 гласачи.

Спасе Кочовски од ВМРО – ДПМНЕ и во наредните четири години ќе раководи со Општина Вевчани. Тој во првиот круг од локалните избори освои 55,83 отсто, односно 823 гласови.

Излезноста во Вевчани беше 70,46%, а во избирачкиот список беа запишани со право на глас 2 092 граѓани.

Н.С.Ј.