Бразилскиот репрезентативец Нејмар стави точка околу клубот во кој сигурно ќе ја помине сезоната која доаѓа. 26-годишниот фудбалер ќе остане во Пари Сент Жермен со задача да ја оствари мисијата односно освојувањето на титулата во Лигата на Шампиони.

Како следна дестинација за Нејмар се споменуваше Реал Мадрид, откако кралскиот клуб го продаде својот најдобар играч Кристијано Роналдо за 105 милиони евра во Јувентус.

  • Не гледам причина да заминам од место каде што сум среќен и имам се. Сите заедно имаме една незавршена мисија од минатата сезона во Лигата на Шампиони. Го посакуваме тој трофеј и ќе направиме се да дојдеме до него оваа сезона. – изјави Нејмар.

„Светците“ ги задржаа сите ѕвезди, а тимот го засили Џајнлујџи Буфон кој како слободен фудбалер пристапи на составот од Парис.

OhridNews