Македонската фудбалска репрезентација “ни крива ни должна“ напредуваше четири места на ФИФА ранг листата. Ваквиот скок се должи на лошите резултати на африканските и азиските селекции, сега “црвено жолтите“ се наоѓаат на 98-та.

Репрезентацијата на Македонија, предводена од велшанецот Џон Тошак, ги очекува циклус квалификации за Светскотко првенство во Бразил. Од селекциите кои се наоѓаат во нашата група, најдобро пласирана е Хрватска на осмото место. Репрезентацијата на Србија а на 32 место, Велс 41-то место, Белгија 44-та и Шкотска 48.

На врвот нема измени, прва е Шпанија, по неа следуваат Германија, Уругвај, Холандија, Португалија, Бразил, Англија и Италија.

Мх.П.