Не помина многу време по „историската“ средба на премиерот и градоначалникот на Охрид, а односите помеѓу централната и локалната власт наместо да напредуваат, како што беше најавено, повторно се заоструваат. Мостот кај Канео наместо да ги поврзува ги раздели државните институции, локалното население, бизнисмените и оптштината.
Една благородна идеја која шеретите локални моќници умешно ја забошотија своевремено, денеска повторно е камен на сопнување и тема на чаршиски озборувања, но и обвинувања помеѓу институциите.
Капетанијата на пристаништата вчера обвини дека мостот кој треба да ја спои плажата „Потпеш“ и населбата Канео со центарот на Охрид се гради без потребната документација. За Капетанијата спорни се и материјалите кои се уопотребуваат за изградба на мостот, со што според неа се загрозува автентичноста на овој заштитен простор.

Свој став изнесе и локалната самоуправа. Оттаму велат дека со урбанистичкиот план за ова подрачје предвидена е пешачка патека вдолж самиот брег на езерото.
– Своевремено, кога се градеше колекторот, се предвидуваше токму по иста траса да се и цевководот и пешачката патека од кај тогашната библиотека па до населбата Канео. Но, според тогашните оправдувања заради техничка несовршеност односно опременост за таков зафат и високата цена на чинење, од таквата замисла се отстапи. Остана само планот, но со текот на времето и под 
Тој посочува дека пешачката патека во форма на мост што сега се гради е приватна иницијатива, која општината ја поддржува и поздравува.
– Сметаме дека прашањето за разни дозволи е депласирано првенствено што гледано бирократски – овој простор е на државата, но градот, од друга страна е должен и заинтересиран за уредена околина, плажа, шеталишта. Дали се поседуваат дозволи за техничката исправност на мастот (патека) – е сосема друго прашање, додава Манесвки. Тој посочи дека мостот свечено ќе биде пуштен во употреба на Денот на независноста – 8ми Септември.












