Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно облачно со локален краткотраен дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне до 24 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Според најавата на синоптичарите, неделава ќе имаме претежно сончево и топло време. Минималната тмпература ќе се движи од 10 до 17, а максималната дневна во интервал од 26 до 34 степени.

OhridNews