Охриѓани, во сабота 10- ти март, ќе имаат можност повторно да ја проследат театарската претстава “Ни ваму, ни таму”, која е заеднички проект на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа.

Станува збор за современа приказна за една вечна македонска тема – печалбарството. Ни таму, ни ваму“- преку актерската игра, напати комична, со реплики од секојдневниот живот на двајцата случајни патници кои заглавени заради лошото време го чекаат својот лет за НАДВОР и ЗА ДОМА на еден Европски аеродром, го пренесува  емотивниот прелом по соголената животна вистина на двајцата соговорници.

Во претставата играат: Симеон Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа,  Стрезо Стаматовски.

Претставата се игра во малата сала на Центарот за култура “Григор Прличев” со почеток во 20 часот. Цена на билетот е 150 денари.

OhridNews