Францускиот клуб Ница го казни италијанскиот голгетер Марио Балотели, поради значително зголемување на килажата и прекршување на клупските правила.

Балотели на почетокот од подготовките се појавил со 103 килограми или 20 килограми повеќе од идеалната тежина. Клубот не ја соопшти казната, но ја потврди преку својот прв човек Жан пјер Ривер.

  • Балотели ќе има добра сезона и покрај проблемите кои сам си ги направи почетокот. Со наша помош и негова волја тој ќе се врати на старите патеки и повторно ќе постигнува погодоци.  – изјави Ривер.

Италијанецот префрлен е во Б тимот и таму ќе остане се додека не ја врати во нормалата телесната тежина.

OhridNews