Со три постигнати погодоци, Антонио Нически е најефикасниот играч во составот на “рибарите“. Нически еднаш погоди на а со двата гола во вториот дел на дербито со Влазними, популарниот Шајка го реализираше целосниот пресврт.


Се` што може да се направи во фудбалот направив, постигнав два гола и добив црвен картон, во секој случај добро е што победничката серија продолжи. Сите соседски натпревари се доста тешки за играње и имаат посебна тежина поготово за младите фудбалери, момците пружија максимум, им честитам на сите актери на овај дерби меч – рече Нически.

Играчот за врска кој беше најдобрит на теренот во Охрид, поради вториот жолт картон на мечот, ќе го пропушти дерби мечот со 11 Октомври во Прилеп во наредното седмо коло.