Членовите на лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид, во соработка со туристи од Полска кои оваа сезона во голем број престојуваат во нашата земја, деновиве ја реализираа последната од низата еколошки акција за чистење од отпад на излетничките места на планината Галичица.
Покрај останатите активности, полските туристи имаат и тура за Битола преку Галичица и Преспа. Програмата предвидува пешачење по асфалтниот пат кој води преку Галичица, каде полските туристи и лајансите од „Лихнидос“ сезонава собраа поголема количина најразличен цврст отпад расфрлан покрај коловозот.
Акцијата е дел од активностите на ЛК „Лихнидос“, кој до сега има реализирано голем број проекти за подигање на еколошката свест.
OhridNews