Продолжениот Велигденски викенд ветува добра забава во охридските кафулиња.

Во кафе Кадмо вечерва настапува еден од најдобрите македонски ди-џеи, Бабура. Се работи за ди-џеј со префинет вкус, извонреден микс и речиси беспрекорен настап во живо што беше забележан  од одличниот Тиесто со кого Бабура соработуваше на балканската турнеја….

Во Mezzo Forte Bianco на Велики Петок журка со извонредните Камелеон. Свирките на Камелеон се проверена шема, а забавата започнува во 21 ч….

Во кафе Balance вечерва предвелигденска забава со ди-џеј Топал. Функционира и отворената тераса па така добриот поглед и уживањето  ви се загарантирани…..