Римската „волчицата“ се одлепи на втората позиција на табелата во Серија А победувајќи го Милан со 1-0 во дербито.


Дербито на Олимпико, сигурно ќе имаше поинаков тек, ако Нијанг погодеше од белата точка за Милан во првиот дел.


Непишаното правило за неискористените прилики го стигна Милан кој во 62-та минута прими погодок. Домаќините преку белгискиот репрезентивец Раџа Нанголан поведоа со 1-0.

„Росонерите“, ја притиснаа Рома, но домашните фудбалери оддолеаја и забележаа значајна победа во походот кон Јувентус кој е лидер на табелата.

OhridNews