Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески е водечки ракометар во статистиката за најсилен удар на Европското првенство, што се одржува во Австрија, Шведска и Норвешка.

Еден удар кон противничкиот гол достигнал брзина од 141 километри на час што го прави Талески најдобар во оваа конкуренција. Втор е чешкиот ракометар Станислав Кашпарек, кој на дуелот со Македонија упати удар со 140 км на час.

Талески во двата одиграни натпревари на ЕП има шест постигнати погодоци од 15 удари и помеѓу водечките стрелци во нашата селекција.

Македонија има победа и пораз и утре на дуелот со ко-домаќинот Австрија ќе се одлучува судбината за понатаму.

OhridNews