Екипата на Барселона со 34-23 го сомле составот на Ла Риоха во дерби средбата од шпанската АСОБАЛ лига.


Каталонците уште на стартот од мечот со серија од 7-0 покажаа дека ќе нема ништо интересно и ново во натпреварот, кој требаше да биде дерби.

Кирил Лазаров во дресот на Барселона продолжи онаму каде што застана во националниот состав постигнувајќи шест погодоци.

Колку него реализираше крилото Сигурдсон, а најпрецизен беше капитенот Виктор Томас со седум голови.

Мх.П.