Еден од најдобрите и најкомплетните напаѓачи во Премиер лигата, Дидиер Дрогба во новата емисија на Рио Фердинанд говореше за и околу фудбалот.
Домаќинот му постави неизбежно прашање на фудбалерот на Челси кој во својата кариера има постигнато 328 погодоци во 724 натпревари на разно разни начини против кои дефанзивци му било најтешко да игра.
Капитенот на Брегот на Слоновата коска ескпресно одговори дека тандемот составен од Немања Видиќ и Рио Фердинанд пред голот на Едвин ван дер Сар бил кошмарен за него, а исто така го пофали и Карлес Пујол од Барселона.
– Начинот на кој се радував по постигнат погодок кажува се околу ова прашање. Кога ќе постигнев погодок против Јунајтед тоа значеше дека сум одиграл перфектен натпревар. – рече Дрогба и додаде. Морам да го пофалам и Пујол кој беше џентлмен во и надвор од теренот. Тој во секој момент го менуваше ритамот на игра што сега е незамисливо за еден фудбалер.
Дрогба во дуелите со Манчестер Јунајтед има постигнато четири погодоци, а само два се кога во одбраната заедно дејствувале Видиќ и Фердинанд.
Од премиерлигашките екипи на Дрогба најмногу му лежи Арсенал (13 голови), Ливерпул (11), Евертон (8) и Њукасл (7).
Ohridnews