Испуштената шанса за победа во градската пресметка со Атлетико Мадрид предизвика немир во соблекувалната и на трибините од Сантијаго Бернабе.
Навивачите, незадоволството и вината за ремито со Атлетико ја побараа кај тренерот Рафа Бенитез и неговата тактика со која го чуваше водстовот на Винсенте Калдерон.
Шпанскиот стратег на критичарите им одговори дека никој не е недопирлив во неговиот состав дури ниту Кристијано Роналдо кој е движечка сила на екипата.
Фановите на „кралевите“ најмногу алудираа на одлуката од Бенитез да го извади од игра стрелецот на голот Карим Бензема и да го стави Матео Ковачиќ.
Идеајата на Бенитез не се покажа како најдобра бидејќи бедемот на Реал Мадрид не издржа и домаќините го изедначија резултатот, а во финишот од мечот не реализираа и две изгледни прилики за комплетен пресврт.
Ohridnews











