Три победи во последните пет натпревари го делат Лестер од сензациолното освојување на титулата во англиската Премиер лигата.


И голманот на Рома, Воислав Шчезни се приклучи на многуте фудбалери кои му се одошевуваат на Лестер и неговите успесите.

– Никој во фудбалот не може да објасни што се случи со Лестер за три месеци. Навивам за Арсенал во Англија, но сакам Лестер да ја освои титулата поради нивниот начин на игра. Тие треба да бидат пример и инспирација за сите клубови. – рече полскиот голман.

„Лисициите“ во последните пет натпревари играат со Вест Хем, Свонси и Евертон дома и со Манчестер Јунајтед и Челси на гостински терен.

OhridNews