Понудата на банката NDB од Обединетите Арапски Емирати, за настап од 45 минути во светскиот трговски центар во Дубаи да заработи милион долари, Никол Шерцингер не можела да ја одбие. Организаторите на концертот на пејачката и платиле и повратна авионска карта за лет со прва класа. Концертот кој пејачката го одржала минатиот четврток не и одзел многу време.

Извор близок на пејачката рекол дека тоа биле лесно заработени пари. Еден ден по настапот Никол го напуштила Дубаи и се вратила во Лос Анџелес како би продолжила со снимањето на својот нов албум. Таа неодамна се соочувала со потенцијален отказ од емисијата „Икс фактор“ во која е еден од членовите на жирито. Се шпекулирало дека ќе биде заменета со некогашната членка на групата “Spice Girls”, Мел Си, која гостувајќи на една од аудициите се истакнала со своите искрени коментари. Никол на крајот сепак успеала да го задржи местото во ова натпреварување.