Театарската програма на „Охридско лето“ продолжува и денеска со настапот на познатиот српски глумец, Никола Ѓуричко, кој пред фестивалската публика ќе се претстави со неговото стендап-шоу насловено „Шоу биз“.

Овој перформанс доаѓа по скоро три години отсуство од сцената, како негова потреба повторно да биде со луѓе и пред публика. „Шоу биз“ на хумористичен начин раскажува интересни детали од живот на актерот и како што самиот вели станува збор за „некои нови животни искуства и знаења што сака да ги сподели со луѓето“.
За Ѓуричко резервирана е сцената на „Долни Сарај“, со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.
OhridNews











