Професорот Никола Јанкуловски, актуелен декан на Медицинскиот факултет и Ненад Новковски, редовен професор на Природно математичкиот факултет и поранешен министер за образование и наука се двајцата кандидати од кои ќе се бира нов ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Ова денеска го одлучи Ректорската управа на универзитетот, објавија националните медиуми.

Според медиумските написи, Јанкуловски добил 28, а Новковски 17 гласа.


Конечните резултати за тоа кој ќе биде нов ректор на УКИМ ќе се знаат на 27 јуни кога ќе гласа Сенатот.

Кандидати за ректор беа и професорите Александар Димитров, Атанас Кочов, Коле Василевски и Елена Думова Јованоска.

 

OhridNews