Поранешниот член на Струга Трим Лум, Никола Симоновски е нов чувар на мрежата на охридскиот фудбалски клуб. Голманот кој потекнува од битолските фудбалски школи со охриѓани потпиша едногодишна соработка.

Среќен сум што потпишав за Охрид. Подготвен сум за предизвикот и со нетрпение ги очекувам подготовките а потоа и натпреварите во Втората лига. – изјави Симоновски.

26-годишниот чувар на мрежата на позиција голман ќе го наследи Раиф Мирселоски од кој охридскиот клуб се ослободи по само шест месеци.

Симоновски е второ засилување за „рибарите“ на почеток од летниот преоден рок. Претходно на охриѓани им се приклучи поранешниот капитен на Кораб, Един Мерсовски.

OhridNews