Извонредниот стендап комичар Никола Тодороски на охридската публика синоќа и приреди уште едно незаборавно шоу.

Во второто продолжение од стендап проектот „Revolution“ пред исполнетото гледалиште во Центарот за култура „Григор Прличев“, Никола Тодороски се претстави со нов, деведесет минутен материјал.

Со актуелни теми и креативен хумор, тој до солзи ги насмеа присутните, кои имаа несекојдневна можност да уживаат во шоуто на најкомплетниот и најплоден стендап комичар во земјата.

Проектот стендап Револуција Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој тој си го постави со овој проект е секој месец до јуни 2015 да пишува нов материјал од по 90 минути, нешто што само по себе е револуционерно и никогаш не е направено до сега во Македонија.

OhridNews