Со Решение на Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, од денес за вршител на должност Директор на Општинското Средно Училиште “Св.Климент Охридски”, е  именуван професорот Никола Тренески,-соопшти локалната самоуправа.

Никола Тренески досега беше професор по географија во истото училиште. Во средното училиште “Св.Климент Охридски” е вработен од 2001година, а од 2008 година се стекнал со уверение за положен испит за директор во средно училиште.

OhridNews