Против холивудскиот актер Николас Кејџ, кој минатиот месец бил уапсен во Њу Орлеанс поради семејно насилство и нарушување на јавниот ред и мир во пијана состојба, сепак нема да биде подигнато обвинение. Актерот чие однесување во последниве месеци е насилно, а и има проблеми со алкохолот и дрогата, нема да биде кривично гонет.


Јавниот обвинител на Њу Орлеанс потврдил дека нема да биде подигнато никакво обвинение. По истрагата ги отфрлил сите обвиненија и го затворил случајот. Адвокатот на Николас Кејџ изјавил дека им е драго што процесот водел до правиот резултат, покрај неточните медиумски известувања.