
Николоски изрази задоволство што компанијата на Субрата Рој изрзува интерес за инвестирање во Охрид, што според него се должи на создадените услови од страна на државата.
-Интересот на една од врвните светски компании во светот “Сахара Индија Паривар“ за инвестиции во Охрид и на крајбрежјето на Охридското езеро само покажува дека даваат плод бројните мерки за привлекување странски инвестироти, туристичката промоција на Охрид на највлијателните светските медиуми, како и законите кои се донесоа во оваа насока, како што е намалувањето на ДДВ од 18 на 5% за туристичката дејност, Законот за заштита на старото градско јадро, Законот за туристички развојни зони и сл. “ Сахара Индија Паривар“ е една од водечките компании во светот. Со оптимизам гледам на најавата и се надевам дека компанијата ќе го релзизира овој комплекс којшто ќе значи десетици илјади нови туристи во Охрид, со што директен бенефот ќе има Охрид и охриѓани, не само преку дирекните вработувања во овој комплекс, туку и преку индирекните заради тоа што за да се услужат толку голем број на туристи потребно ќе е да се ангажира голем дел од градот и околината.-изјави за OhridNews Николоски.

Тој смета дека позитивни ефекти најавената инвестиција ќе има и врз економијата особено на градежните компании. Но најпозитивно, вели Николоски, е тоа што ќе се отворат нови перспективи за младите.
– Сметам дека ова е можност и потик пред се за младите луѓе да вложат во себе, во своето знаење и вештини, да научат јазци и да станата компетитивни за еден ваков проект во којшто би можеле да ја видат својата иднина.-рече Николоски.
Пратеникот Николоски потенцираше дека овој проект е добро примен и подржан и од хотелиерите и туритичките работници на Охрид, како и од екологистите, што, според него, се должи на најавите дека при изработката на супер луксузниот комплекс во Љубаништа ќе бидат запазени највисоките светски стандарди за еколошка заштита.
– Се надевам дека ова ќе е една одлична можност за силен развој на туризмот, од наша страна како Собрание на Р. Македонија ќе сториме се таа да се реализира, како што беше и досега со носење на бројни закони кои ја отвораат Македонија за странски инвеститори, додава Николоски, нагласувајќи дека верува во успех на оваа иницијатива.











