Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, a во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај, информира министерот за транспорт Александар Николоски по денешната теренска посета.

Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изгрaдбата на галериите е најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите, потенцира.

Воедно, посочува дека бил напуштен проект, проект во којшто никој не верувал, но веќе му се гледа крајот.

Имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри на овој автопат каде што влегуваат тунелите и галериите, додава Николоски.

OhridNews