Македонскиот пратеник Александар Николски е избран за Заменик претседател и прв Потпретседател на Комисијата за следењето на обврските на земјите членки на Парламенатрното Собрание на Советот на Европа, објави „МРТ“.
Годинашнава сесија на ПССЕ започна со изборот на неговите тела, а за претседател е реизбрана луксембуршката парламентарка Ан Брасер. Шефот на македонската делегација, Николоски се стекна со два мандати, најпрво, реизбор на функцијата прв Потпретседател на Комисијата која ги следи обврските на земјите членки на Советот на Европа.
„Реизборот е една голема потврда покрај за мене лично, така и за Република Македонија, затоа што за претседател или потпретседател на Монторинг комитетот може да биде избран само претставник на земја која високо ги почитува обврските кон Советот на Европа и од земја за кое е утврдено дека е утврдено владеењето на правото, слободни и фер избори, јазични и културни права на малцинствата“, вели тој.
За наредите две години, Николоски е избран за заменик претседател на ПССЕ. Ова според него претставува единствена можност за Македонија да ги претстави своите надворешно политички позиции, со меѓународна афирмација на македонското Собрание.
„И исто така да дадам заложба за целиот регион за негова побрз интеграција во евроатлантските структури и секако барањето кое што останува, а тоа е Македонија да почне преговори со ЕУ и да стане членка на НАТО“, нагласува Николоски.
ПССЕ на оваа сесија ќе треба да одржи ургентна дебата за терористичките напади во Париз, за заштита на слободата на медиумите во Европа, ситуацијата во Украина, за нетолеранцијата и дискриминацијата во Европа.
Во работата на ПССЕ покрај шефот на делегацијата учествуваат и пратениците Владимир Ѓорчев и Ермира Мехмети. Местата резервирани за претставниците на опозициската СДСМ и натаму се празни поради бојкотот на оваа партија.
OhridNews
Извор:„МРТ“












