Изборот на кандидат за градоначалник на Охрид на претстојните локални избори е уште едно големо промашување на Бранко Црвенковски, изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Алекандар Николоски.
-Политиката од времето на транзицијата доведе до затворање на стопанските капацитети во градот што придонесе после Скопје најмногу луѓе да се иселуваат токму од Охрид, а за жал таа политика продолжи и со  владеењето на Локалната самоуправа која дополнително го задолжи Охрид и која што буквално го уништи градот во секое поле да не сакаат луѓето да дојдат ниту да летуваат тука, изјави Николоски.
Ова е прва официјална изјава на висок политички функционер од ВМРО ДПМНЕ, по објавувањето на кандидатурата на Александар Петрески за трет градоначалнички мандат. Отааму најавија  интензивирање на партиските активности во очи митингот на СДСМ најавен за 29-ти јули во Охрид, кога Александар Петрески и официјално ќе биде промовиран во кандидат за градоначалник.
OhridNews