Николоски на состанок со раководството на УНЕСКО во Париз, заштитата на Охридскиот регион приоритет
25.06.25 15:41
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој е во работна посета на Франција, денеска одржал состанок со раководството на УНЕСКО.
Николоски истакна дека заштитата на Охридскиот регион и Охридското Езеро е приоритет и тие мора да одат рака под рака со развојот и благосостојбата на жителите на општините Охрид и Струга.
Мора да потенцирам дека вакви состаноци недостасувале во минатото. Аргументите на Македонија никој не ги презентирал и често се носеле еднострани одлуки на штета пред се на жителите на Охрид и Струга. Тоа мора да се промени. Свесни сме дека одредени извештаи се во напредна фаза на подготовка, но исто така со голема проактивност работите ќе се менуваат во годините што се пред нас, вели Николоски.
Вицепремиерот во рамки на работната посета утрово оствари средба и со министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро, на која се разговарало за унапредување на меѓусебната соработка во делот на железницата, ависообраќајот и автопатиштата.
Ова година охриѓани го прославија празникот Водици и во швајцарскиот град Цуг Мал круг “велики љјуди” (шо би рекол покоен Масимо), се собравме да го прославиме денешниов ден со мезе, па...
Дваесет и четири годишниот Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга Тој беше најсреќен меѓу стотиците верниции кои денеска влегоа во студените речни води во Стр...
Скокот на браќата Лотески во студените езерските води е заштитен знак на одбележувањето на празникот Водици во Охрид Јован и Климе и оваа година ја продолжија традицијата Со одела тие скокнаа во ст...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.