Тој информираше дека кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, Кирил Трендафилов – Нанче, победил во првиот круг со 10% повеќе гласови од кандидатот на СДСМ, Александар Петрески, со кого ќе се сретнат и во вториот круг.
Николоски објави и дека Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ ќе освои најмногу мандати во Советот.
–Охрид кажа не на неисполнетите ветувања, криминалот и корупцијата, а кажа да на новата визија на чесноста на проектите и со водство од 10% Кирил Трендафилов Нанче ќе влезе во вториот круг во борбата за градоначалник, рече Николоски.
Тој кажа дека претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, во Охрид извојувал победа над кандидатот на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, со 2:1.











