Министерот за транспорт Александар Николоски соопшти дека од Брисел добил позитивни вести во врска со долгогодишниот проблем со кој се соочуваат македонските превозници и професионалните возачи.
Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија. Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме, објави Николоски на Фејсбук профилот.
Посочува дека по протестите и силната офанзива изминатиот период, Европската унија ќе донесе нова стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемите со кои се соочуваат професионалните возачи.
Во објавата, Николоски објави и дел од документот поврзан со новата стратегија и изрази благодарност до земјите и поединците кои дале поддршка за надминување на проблемот.
OhridNews













