
– За жал денес слушнавме лични навреди упатени на политичари во Република Македонија кои што се под секое ниво на културен човек кој што живее во Република Македонија. Денес видовме дека паниката нема крај. Наместо да одговори на тоа колку проекти се реализирани за Охрид во овие 4 години, кои се капиталните инвестиции кои што се реализирани во Охрид во овие 4 години и што планира да направи во наредните 4 години ние слушнавме лаги, клевети и обвинувања. Ова е можеби прв пат во политичката пракса во Македонија власта да ја напаѓа опозицијата, односно власта да се плаши од опозицијата, заради тоа што во Охрид СДСМ е власт, а ВМРО-ДПМНЕ опозиција. СДСМ има градоначалник, а ВМРО-ДПМНЕ кандидат за градоначалник.Така што првпат власта ја напаѓа опозицијата што говори за паниката која што во овој момент е во владеачката СДСМ во Охрид, рече Николоски.
За среќа,додаде Николоски, на Охрид граѓаните се паметни и не паѓаат на такви провокации.
–Постојат многу разлики меѓу нас и СДСМ,постојат многу разлики помеѓу оваа политичка генерација во ВМРО-ДПМНЕ и транзиционите богаташи во редовите на СДСМ. Постојат многу разлики помеѓу ова работење на ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво и работењето на Бранко Црвенкоски, Хари Костов и Владо Бучковски на централно ниво.Ако сакате, постојат и многу лични разлики помеѓу мене и г-динот Александар Петрески кој што гледам сака да се занимава со мене, иако кандидат за градоначалник е сосема друг.Првата разлика е дека, ни евро не сум заработил нечесно, за разлика од него кој што е уплашен поради тоа што органите си истражуваат колку стотици и илјадници илјади евра нечесно заработил во овој мандат. И втората и најбитна причина јас ова го работам затоа што го сакам Охрид, а тој својата работа ја работи заради тоа што од Охрид гледа личен интерес, рече Николоски.











