Николоски го информираше собранието за одлуката на Меѓународниот суд на правдата по однос на тужбата поднесена од Република Македонија за непочитување на Времената спогодба од страна на Грција и блокадата за членство во НАТО во април 2008 година. Тој нагласи дека Судот го прифати аргументот на Република Македонија дека Грција го прекршила членот 11 став еден од Времената спогодба од 1995 година, со блокирањето на членството во НАТО. Николовски нагласи дека тоа значи дека правно Грција не смее да го попречува членството во НАТО.
Николоски пред собранието во Стразбур подвлече дека Грција ја одби последната иницијатива на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ООН, Метју Нимиц за средби со двете страни со цел наоѓање решение на спорот. Македонскиот пратеник информираше дека на самитот на НАТО во Чикаго, во мај годинава, Македонија очекува почитување на одлуката на Судот и покана за членство во НАТО. Тој повика на поддршка од страна на пратениците во ПС на СЕ нагласувајќи дека одлуките на Судот досега редовно биле почитувани како гаранција на меѓународниот поредок и меѓународното право.