Ветувањето за завршување на автопатот Кичево-Охрид ќе биде исполнето уверува министерот за транспорт Александар Николоски. Периодов посочува се работи на стабилизирање на косините.
Тоа е ветување и така ќе биде, не можам да ги предвидам временските услови, дали декември, дали ќе завршиме во март, тоа е опсегот заради временските услови и е прашање на Господ и на време, но ветувањето коешто го дадовме ќе го реализираме, изјави Николоски.
Посочи дека има проекти за 16 свлечишта од кои 14 се стабилизираат и најголем дел се со галерии.
За свлечиштата отидовме со решение кое според мене би требало да се направи уште кога почна да се работи овој проект. За жал, немаше проекти, немаше геолошки и геотехнички истражувања. Сега се направија. Има проекти за 16 свлечишта од кои 14 ги стабилизираме, најголем дел се со галерии, едната кај село Извор е веќе готова, втората почнува да се работи. Очекувам до пролетта веќе три да се целосно завршени. Најголем проблем е кај село Ботун, цела планина буквално се спушта таму, таму ќе одиме со стаблизации кои ќе одат внатре во земја, ќе се спуштаме во земја 14 до 21 метар со техники кои се модерни, најнови во инжинерскиот систем. Ветивме дека ќе го завршиме автопатот и ќе го завршиме без разлика што се треба да се направи, додаде Николоски.
OhridNews












