В.Д. Претседателот на СДСМ на митингот одржан синоќа во Охрид користеше несоодветен вокабулар за политичар, употребувајќи навредливи зборови како недоветен, недоквакан и сл, што станува редовна пракса што во СДСМ ја воведе претседателскиот кандидат Љубомир Фрчскоски-изјави на пресд конференција пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Александар Николоски.
–Политичката комуникација во Македонија и во Охрид се сведе на најниско ниво видено на било кои избори од осамостојувањето на Македонија до сега. Тоа говори само за една работа, дека СДСМ е свесен дека ќе претрпи пораз на претстојните избори и дека ова се последни очајнички обиди да направат нешто, рече Николоски.

Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ не е подготвена да одговори на ваквиот начин на комуникација,затоа што, како што рече, такви зборови не постојат во вокабуларот на партијата.
–За жал охридската јавност вчера беше приморана да слуша непристојни зборови од личност која е аболицирана за криминал тежок 8 милиони евра и беше приморана да слуша погрдни зборови од еден кандидат за претседател кој во 7 години како министер успеа да произведе атентат врз претседател на РМ, да ги промени името и знамето на државата успеа да направи повеќе сомнителни јавни набавки, рече Николоски.
Пратеникот Николоски упати и бројни прашања на сметка на работењето на актуелниот градоначалник на Охрид и кандидат за втор мандат.
– Зошто Охрид во изминатите 4 години слушавме секој втор ден за корупциски афери на нивниот кандидат, зошто слушавме за насилно владеење во општината и зошто не се реализира ниеден капитален објект а се реализираа десетици ДУП-ви за кои по изборите своја работа ќе има МВР, запраша Николоски, кој рече дека на претстојните избори ќе биде ставен крај на таквото владеење.











