Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на следната владина седица ќе побара разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова.
Тој на својот фејсбук-профил синоќа напиша дека има спротивен став од Димова и оти таа треба да си поднесе оставка.
Директорката Лидија Димова, смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, напиша Николовски на Фејбук.

Димова на прес-конференција рече дека не дава оставка и оти за програмата „Еразмус плус“ може да аплицира секој. Добитникот на грантот од 270 илјади евра Зоран Златановски, кој исто така присуствуваше на прес-конференцијата заедно со Димова, изјави дека е лажна вест дека грантот го добила фризерница, бидејќи аплицирал со фирмата „В.Е.З трејд“ која има посебна сметка и е наменета само за проектите за Еразмус.
Со случајот е запознаена и Европската комисија.
Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад, изјави неодамна за МИА, Сузан Конзе, портпаролка на ЕК.
OhridNews












