Посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, денес се очекува да допатува во Атина и да се сретне со грчките власти.
Во вторник Нимиц доаѓа во Скопје за да се сретне со македонските власти. Медиумите во Македонија, повикувајќи се на дипломатски извори јавуваат дека Нимиц не носи нов предлог за името и дека останува стариот предлог Горна Република Македонија.
Премиерот Никола Груевски пред посетата на Нимиц изјави дека со оваа посета очекува раздвижување на процесот за решавање на името. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Владата пред извесно време беше во посета на Грција и се сретна со грчкиот министер за надворешни работи и одбрана.
Тој за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“ изјави дека предлозите Република Северна Македонија или Горна Македонија е прифатлива опција за Албанците затоа што е потребен компромис за иметo.
OhridNews
Makfaks