Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето со името, за време на посета на Македонија, ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов, од претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, а ќе оствари средба и со шефот на дипломатијата, Никола Попоски.
На средбите се очекува да се разговара за актуелните прашања во однос на надминувањето на разликите во спорот со Република Грција, како и за динамиката на разговорите во наредниот период.
Медијаторот Нимиц, од Скопје ќе замине за Атина каде што на 22 февруари треба да се сртене со грчкиот државен врв.