Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц денеска во Скопје имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов и со шефот на дипломатијата Никола Попоски, а попладнево во Владата се среќава со премиерот Никола Груевски. На средбите со македонскиот државен врв се очекува да презентира одредени идеи за надминување на долгогодишниот спор, откако тоа завчера го направи во Атина.

Нимиц вчера по пристигнувањето во Скопје изјави дека работи напорно за да се види дали е можно да се постигне некаков напредок.

Тој завчера во Грција имаше средба со премиерот Андонис Самарас и министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. По средбата тој изјави дека грчката Влада со голема искреност сака да се постигне договор за прашањето за името. Истакна дека имале „куса, но интензивна дискусија“ и информира дека презентирал некои идеи за кои разговарале во детали.

OhridNews
МИА