Нова средба за решавање на македоснко-грчкиот спор, медијаторот Метју Нимиц закажа за 29-ти и 30-ти јануари во Њујорк.
Средбата следува само неколку дена, откако Нимиц ги посети двете земјии инволвирани во деценискиот спор околу името на земјава. Според најавата на прес-службата на ООН, поканата е прифатена од двете страни, а Зоран Јолевски и Адамнатиос Василакис ќе отпочнат нова рунда разговори.
При посетата во Скопје, медијаторот Метју Нимиц изјави дека добил силно уверување оти решавањето на проблемот е врвен приоритет на македонскиот државен врв. Исто така, претседателот Ѓорге Иванов потенцира дека разговорите околу овој проблем, можат позитивно да завршат доколку двете страни искрено се заложат за тоа.
Инаку, Нимиц во деценискиот спор е инволвиран од 1994-та година, сметајќи дека постои можност за креативност кај двете страни, како би се дошло до позитивен заклучок.
OhridNews