Нова средба за решавање на македоснко-грчкиот спор, медијаторот Метју Нимиц закажа за 29-ти и 30-ти јануари во Њујорк.

При посетата во Скопје, медијаторот Метју Нимиц изјави дека добил силно уверување оти решавањето на проблемот е врвен приоритет на македонскиот државен врв. Исто така, претседателот Ѓорге Иванов потенцира дека разговорите околу овој проблем, можат позитивно да завршат доколку двете страни искрено се заложат за тоа.
Инаку, Нимиц во деценискиот спор е инволвиран од 1994-та година, сметајќи дека постои можност за креативност кај двете страни, како би се дошло до позитивен заклучок.
OhridNews












