Хрватската пејачка Нина Бадриќ не сакала да биде дел од свадбената церомонија на тенисерката Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер која се одржа во италијанскиот град Венеција.
Бадриќ ја отвори свадбата на годината како што ја нарекуваа светските медиуми со омилените стихови од песната „Денови и години“ на Ивановиќ.
– На почетот реков нема шанси да пеам, но на крајот пред да го кажам мојот одговор реков дека ќе одам, бидејќи Ана и Бастијан сакаат со мене да го споделат моментот кој го чекаат и ќе го паметат цел живот. Свадбената церомонија наликуваше на бајка и дома заминав со позитивни емоции. – изјави за хрватските медиуми Бадриќ.
Семејството на тенисерката и фудбалерот ќе се зголеми, откако Ивановиќ минатата година на социјални мрежи објави дека е бремена.
OhridNews