Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ в недела ќе ја брани титулата на завршниот турнир во Лондон откако во полуфиналето го совлада Кеи Нишикори со 2-1 во сетови (6-1, 3-6, 6-0).
Рекетот број еден доминираше во првиот сет освојувајќи го со само еден загубен гем.
Во вториот несватливо се опушти и му пружи шанса на Нишикори да се врати во игра.
Загубениот сет прв во Лондон го разлути Ѓоковиќ и решавачкиот го одигра без грешка добивајќи го 6-0.
Во финалето противник на Ѓоковиќ ќе му биде победникот од швајцарското полуфинале Федерер – Вавринка.
Мх.П.