Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори ќе го предизвика рекетот број еден Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерс турнирот во Торонто.
Шестиот носител на АТП листата во полуфиналната битка го совлада Стен Вавринка со 2-0 во сетови (7-6, 6-1) и се пласираше во финалето.
Ѓоковиќ, пак, во полуфиналето против Гаел Монфилс ја оправда фаворитска улога победувајќи го Французинот во два сетови (6-3, 6-2).
Првиот рекет на ранг листата, Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои четвртата титула во Торонто со која ќе го најави атакот на тронот на Олимписките игри во Рио.
OhridNews