Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше меѓу најдобрите четири тенисери на АТП турнирот во Мадрид, откако Кеи Нишикори поради повреда го предаде натпреварот.


Јапонскиот тенисер пред и во текот на турнирот во Мадрид имаше болки во зглобот од десната рака, што со помош не лекарски третман можеше да ги издржи.

Според шпанските медиуми болките последниве два дена биле неподносливо и Нишикори го послушал советот од лекарите да не се натпреварува и да почне да ја санира повредата.

Ѓоковиќ без игра се пласираше во 1/2 финалето, а таму ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Гофин и Надал.

OhridNews