Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон забележа нова победа во Формула 1 шампионатот, триумфирајќи на трката „Ле Кастелет“ за големата награда на Франција. Да биде се во знакот на Мерцедес се погрижи Валтери Ботас, кој финишираше на втората позиција, додека третопласиран заврши Чарлс Леклерк од Ферари.

Лидерот во генаралниот пласман до шестата победа сезонава стигна на доминантен начин, водејќи од почетокот до крајот на трката. Повеќе возбудувања и адреналин привлече борбата за втората позиција помеѓу Ботас и Леклелкер. Пилотот на Ферари притискаше но Ботас не попушти и ја задржа вицешампионското место во Франција.

Првата петорка за големата награда на Франција ја комплетираа Макс Верстапен од тимот на Ред Бул односно Себастијан Фетел од Ферари. Од шестата до десеттата позиција се пласираа Карл Сајнц Јуниор (МекЛарен), Даниел Рикардо (Ред Бул), Кими Раиконен (Алфа Ромео), Нико Хулкенберг (Рено), Ландо Норис (МекЛарен).

Хамилтон со 187 бодови е водечки во генералниот пласман кај пилотите а после него следуваат Ботас со 151 поен и Фетел 111 бодови и останатите кои се уште ја немаат поминато границата од 100 бодови.

Следната трка ќе се одржи викендов кој доаѓа во Австрија.

OhridNews