Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) ќе мора да бара друго решение за позиција селектор на сениорската репрезентација откако не успеа да најде заеднички јазик со првиот избор Марин Докузовски.


Мометалниот тренер на Работнички, Докузовски побарал до раководството на КФМ од позицијата спортски директор да биде сменат Заре Маркоски што било неприфатливо за куќата на кошарката во Македонија.

По пропаѓањето на шансата да се врати Докузовски кој ја предводеше Македонија на Европското првенство во Литванија до пласман меѓу најдобрите четири, КФМ мора да се впушти по потрага на нов кошаркарски стратег кој ќе го замени Марјан Србиноски.

Селекторската позиција му била понудена и на Октај Махмути, но тој ја одбил бидејќи не бил заинтересиран за водење на репрезентација моментално.

Ohridnews