Нема ништо од смената на Антониот Конте на менаџерската позиција во Челси, откако Италијанецот заедно со своите помошници ги започна подготовките за престојната сезона.

На стартот од летните подготовки се појавија сите фудбалери освен оние кои се дел од репрезентациите кои учествуваат на завршницата од Светското првенство во Русија.

На италијанскиот стратег не му се предвидуваше преживување на позицијата менаџер после неуспехот да се квалификува во Лигата на Шампиони и големото заостанување во односн на останатите екипи во Премиер лигата. За потсетување, Конте во првата сезона на клупата од Челси успеа да ја освои Премиер лигата.

За негов наследник се токмеше поранешниот тренер на Наполи, Маурицио Сари кој веројатно ќе почека друга шанса да се проба во Премиер лигата.

„Сините“ за разлика од претходните сезони не се толку активни на трансфер пазарот, или пак чекаат да заврши Мундијалот и да тргнат во освежување на екипата.

Поголем дел од подготовки фудбалерите на Челси ќе ги поминат во Соединетите американски држави (САД) каде ќе одиграат контролни натпревари со екипи од МЛС лигата и Европа.

OhridNews