Екипата на Брест Мешков е првиот финалист во регионалната СЕХА лига победувајќи го Вардар во полуфиналето 32-28 (15-11).
Ракометарите на Брест Мешков не покажаа никаков респект кон Вардар и храбро му се спротиставија уште на стартот од мечот.
„Црвено црните“ кои во составот ги немаа Дибиров, Брумен, Абутовиќ и Штербик одиграа далеку под своите можности и не обезбедија пласман во финалето.
Со пласманот во финалето белорускиот тим го расипа посакуваното финале Вардар – Веспрем на поголем дел од ракометните вљубеници.
Сепак, и домаќините на завршниот турнир во СЕХА лигата имаат тешка задача бидејќи за противник го имаат составот на Загреб во 1/2 финалето.
Мх.П.